Четириесет и деветгодишната Н.Т. од Куманово доби кривична пријава поради сомнение за сторени две кривични дела „несовесно работење во службата “ и „фалсификување на службена исправа“.
Пријавената како главен надзорен инженер, при градба на објект – семејна куќа во Куманово, сопственост на инвеститорот С.П. од Куманово, постапила спротивно на основниот проект за градба и на добиеното одобрение од страна на Сектор за урбанизам, на тој начин што изготвила и заверила одобрение за употреба во кој внела невистинити податоци и истото го приложила во Секторот за урбанизам при Општина Куманово, заради запишување во катастарот на недвижности.
Со овие дејствија кумановската инженерка и инвеститор лапнале милиони преку измами, поточно 15.798.135 денари, преку продажба на станбените простории.