Џипот во Ѓорче Петров удрил во ракометарки на ЖРК Вардар

Две ракометарки на ЖРК Вардар се повредените во страшната сообраќајна незгода која се случи во Ѓорче Петров, синоќа околу 20 часот.

Имено, станува збор за С.Ѓ и К.Д, кои живееле во скопската населба и чекале автобус на локалната постојка. Џипот загубил контрола откако патот му го попречило едно „југо“ и удрил во девојките кои биле на постојката.

Младите ракометарки со брза помош веднаш биле пренесени во болница. Двете биле задржани, без посериозни физички повреди, имале само набиеници по телото. Се очекува во текот на денешниот ден да бидат пуштени на домашно лекување.

извор: sport1.mk