Ирачката армија продолжува со операциите со коалициските сили

Ирачката армија денеска соопшти дека ги продолжува своите операции со коалициските сили предводени од САД против Исламска држава.

Операциите беа запрени по убиството на иранскиот генерал Касим Сулејмани и иранските напади врз бази во кои има американски сили.

– За да се искористи времето што и е преостанато на меѓународната коалиција пред да се воспостават нови односи … одлучено е да се спроведат заеднички акции што ќе им овозможат на нашите сили да се борат со Исламска држава, се вели во соопштението.