Ирачката полиција во петокот отворила оган врз помала група демонстранти во главниот град Багдад, по трите дена крвави антивалдини протести, а премиерот Адел Абдул Махд и остовремено тврди дека не постои „волшебно решение“ за државата и ветува реформи за кои се смета дека се нејасни и оти тешко ќе ги задоволат Ирачаните.
Најмалку 44 лица досега загинале во насилните протесто кои од вторникот трајат во јужните градови во Ирак, а повеќе од илјада лица се повредени.
Безредијата кои избувнаа против корупцијата и лошиот животен стандард се првиот поголем предивик за а премиерот Адел Абдул Махди, кој власта ја презема минатата 2018 година со поддршка на шиитските партии, кои доминураат со Ирак по падот на сунитот Садам Хусеин во 2003 година. Шиитите сочинуваат, инаку, 66 отсто од ирачкото население.
Протестите се одвиваат во време на шиитскиот аџилак Арбаин, на кој се очекуваатоколу 20 милиони луѓе кој со денови ќе патуваа пешки низ јужен Ирак. Станува збор за еден од најголемите годишни собири на свето, кој е многу поголем и од хаџот во Мека.
Ирачката престолнина пред почетокот на традиционалната петочна молитва е главно мирна, пренесуваат агенциите. Низ градот се распоредени специјалните сили и полицијата, и прогласен е полициски час, кој во четвртокот илјадници демонстранти не го почитуваа. Ирачаните очекуваат дека протестот ќе се разгори подоцна во петокот, бидејќи не добиле задоволувачки одговор од политичарите кои ги обвинуваат дека со својата корупција и лошото управување го спречуваат закрепнувањето на Ирак по долгите години војна.
Абдул Махди во телевизиската порача во четвртокот вечерта рече дека политичарите се свесни за патењето на народот. „Не живееме во кули од слонова коска, се движиме меѓу вас по улиците на Багдад“, рече премиерот.
Повика на мир и поддршка на пратениците во реконструкцијата на својот кабинед, за да биде ослободен од влијанието на моќните партии и групации. Најави дека владата ќе разговара за основниот доход за сиромашните семејства, но дека не постојат „волшебни решенија“ за подобрување на сосојбите во државата. Истовремено демонстрантите ја бараат неговата оставка.
Две години по победата над ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава, Ирак конечно дојде до некаков мир кој овозможи слободна трговија на подолг перуод првпат од 1970-те години. Производството на нафта е на рекордни нивоа, што на Багдад му овозможува значаен прилив на средства. Меѓутоа, по децениите војни и санкции, инфраструктурата во државата и натаму е руинирана, градовите се разурнати, а неработенсота кај населението од 40 милиони е многу висока.