Ирак во текот на минатата 2021 година привлекол најмногу вложувања во рамките на кинеската инфраструктурна иницијатива „Појас и пат“, вкупно 10,5 милијарди американски долари, покажува извештајот на кинескиот институт Green Finance & Development Center.
Кина лани преку вложувањаа и договорната соработка минатата година потрошила вкупно 59,5 милијарди долари на инфраструктурни проекти во 143 земји и региони во светот, речиси и колку во текот на претходната 2020 година, извести споменатиот институт при убиверзитот во Фудан. Во однос на претпандемиската 2019 година, кинескиот ангажман во рамките на иницијативата „Појас и пат“, или како што уште ја нарекуваат „Нов Пат на свилата“, е намален за 48 отсто, забележуваат истражувачите.
Вредноста на договорната соработка, којашто делумно се финансира со кинески кредити, пораснала минатата година за 23,2 отсто, на 45,6 милијарди долари. Вложувањата, пак, се намалиле за 40,6 отсто, на 13,9 милијарди долари.
Во арапските и блискоисточните земји инвестициите, пак, минатата година се зголемиле за повеќе од четири пати, а вредноста на договорите на кинеските компании за градежни проекти е повеќе од удвоена.
Ирак, каде што САД минатата година ја завршија својата повеќегодишна борбена мисиа, станал третиот најголем партнер во енергетските проекти на иницијативата од 2013 година, по Пакистан и Русија.
Кина и Ирак соработуваат на изградбата на електроценралата Ал-Каират во провинцијата Карбала, вредна пет милијарди долари, а кинсеки „Sinopec“ доби договор за развој на ирачкото гасно поле Мансурија во близина на границата со Иран. Двете земји соработуваат и на проекти како што се аеродроми.
По Ирак, Србија и Индонезија биле главните земји за градежни проекти во рамките на кинеската инфраструктурна иницијатива.
Финансирањата и вложувањата во проекти од зелената енергија пораснале во 2021 година на 6,3 милијарди долари, од 6,2 милијарди во 2020 година, а Кина не се вклучила во проекти поврзани со јаглен во 2021 година, во согласност со ветувањето на претседателот Кси Џинпинг дека нема да гради термоцентрали на јаглен во странство.
Во оваа 2022 година, истражувачите од Универзитетот во Фудан очекуваат забрзување на зелените проекти, во согласност со владините насоки, иако финансирањата и вложувањата во награта во рамките на BRI пораснале од 1,9 милијарди долари во 2020 година на 6,4 милијарди долари во 2021 година.
И ангажманот во целост ќе биде засилен, предвидуваат истражувачите, со фокус на транспоратот во Азија, ресирсите и стратешките добра, како што се пристаништа, но нема да го достигне нивото од 2016 година, имајќи предвид дека планот за периодот до 2025 година предвидува 550 милијарди долари вложувања во странство, што е за четвртина помалку отколку во периодот од 2016 до 2020 година.
Кина ја започна иницијативата „Појас и пат“ во 2013 година за да ги подобри трговските врски со остатокот од светот, вложувајќи големи средства во развој на инфраструктурите во земји ширум светот. Западните земји, во прв ред САД, ја критикуваат оваа иницијатива тврдејќи дека финансирањето коешто Пекинг го нуди наводно е неповолно и нетранспарентно и дека некои сиромашни земји, особено во Африка, преку задолжување ги прави зависни од Кина.