Ирак: Напад на затворениците, 60 мртви

Ирачките власѕи неофицијално рекле дека екстремистите утринава нападнале конвој за транспорт на затвореници кај Багдад, убивајќи 52 затвореници и осум војници.

Екстремистите конвојот го нападнале недалеку од населбата Таја кадешто затворот држи затвореници обвинети за тероризам, што ги навело властите да го евакуираат тој објект, стравувајќи дека се подготвува масовно бегство.

Конојот на патот е запрен со бомба, а екстремистите потоа на возилата пукале од минофрлач и друго оружје. Освен што има 60 загинато, ранети се и осум војници и седум затвореници.