Ирак вратил дома двесте деца на турските џихадисти

Речиси двесте деца на турски џихадисти, кои се заробени во Ирак поради припадност на ултрарадикалната сунитска организација Ислмска држава, се вратени во средата во турција, соопшти ирачкиот Врховен судски совет.

Десетици деца на руски и осумдесетина на таџикистански џихадисти кои биле во Ирак се вратени последните месеци во земјата на потекло на нивните родители. Германија и Франција, исто така, ги примиче децата чиишто мајки се во затвор, според истиот извор.

Во повеќе западни земји се води расправа за судбината на овие деца. Семејствата се борат за нивното враќање, истакнувајќи дека се жртви на приликите кои не можеле да ги бираат, а властите се малку попретпазливи. Неодамна започнаа низа иницијативи во полза на децата на џихадистие, чијшто број никој не го знае. Меѓународната невладина организација Save the Children наведува дека во бегалските кампови има повеќе од 3.500 деца и дека потекнуваат од триесетина земји.

Ирак, чиишто големи делови од територијата Исламската држава зазема во летокот 2014 година, кон крајот на 2017 година прогласи победа над оваа џихадистичка организација. Од тогаш тамошните судови им судат на стотици осомничени џихадисти, главно Ирачани, но и на странци.

На Багдад неодмана му беше предложено да им суди на околу илјада стеранци кои ги заробиле силите на арапско-курдската коалиција во Сирија кои се борат против џихадистие, а коишто нивните матични земји кои не сакат да ги примат назад, би добил два милиона долари за секој заробеник. Многу активисти за заштита на човековите права ги критизирале ваквите „набрзина“ судски постапки и предупредија на можноста од „ризик од злоставување’ во текот на сослушувањaта..