Иран: 853 егзекуции во 2023-та, Amnesty ja осудува „ужаснaтa“ бројка

Затворите во Иран станаа вистински „места на масакр“ во 2023 година, со најмалку 853 егзекуции од кои повеќе од половина се поврзани со прекршоци поврзани со дрога, осуди во четвртокот Amnesty International.

Бројот на егзекуции во 2023 година е највисок од 2015 година и е зголемен за 48 отсто во споредба со 2022 година и 172 отсто во споредба со 2021 година, наведува Амнести, која ја повикува меѓународната заедница да преземе акција за „запирање на ужасниот бран на егзекуции“.

Во соопштението се додава дека од почетокот на оваа година досега се извршени 95 егзекуции.

„Иранските власти ја заострија смртната казна со цел да шират страв меѓу населението и да ја засилат позицијата на владата, по протестите под мотото „Жени, живот, слобода“, обвинува Amnesty International.

Бран протести го потресе Иран неколку месеци по смртта во притвор во септември 2022 година на младата иранска Курдка, Махса Амини, која беше уапсена од етичката милиција оради непочитување на строгите исламски кодекси за облекување. Техеран официјално објави дека Амини починала од злоставување во притворот, посочувајќи дека смртта е резултат на нејзини претходни заболувања. Покрај тоа, иранските власти ги обвинија западните и израелските тајни служби за организирање на протестите и нападите и атентатите во доминантно шиитски Иран од страна на сунитски радикали и сепаратисти и приврзаници на Исламската држава вокои беа убиени повеќе од 100 припадници на иранските безбедносни сили.

Девет лица беа егзекутирани во врска со протестите и бунтот, според невладината организација Amnesty International.

„Во отсуство на силен глобален одговор, иранските власти ќе се чувствуваат овластени да погубат илјадници други неказнето во годините што доаѓаат“, рече во изјавата Дијана Елтахави, заменик регионален директор за Блискиот исток.

Истакнувајќи го „неверојатниот пораст“ на егзекуциите поврзани со дрога, Amnesty International, која вели дека затворите во Иран станале „кланици“, ја осудува „убиствената политика кон дрогите на Исламската Република“.

Исто така, се нагласува дека 2023 година беше „одбележана со шокантно интензивирање на примената на смртната казна против малолетните престапници, со егзекуција на 17-годишно момче и четворица млади лица осудени за кривични дела извршени на возраст под 18 години“. , забележува организацијата.

Егзекуциите во Иран обично се вршат со бесење, понекогаш и јавно.