Иран ја одобри руската вакцина „Спутник V“

Иран ја одобри руската вакцина против новиот коронавирус, потврди во вторникот во Москва иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф, чијашто земја тешко настрада во пандемијата но поради одредени пречки одлучи да не ги увезува западните вакцини.

„Вакцината Спутник V вчера е регистрирана во Иран. Ја одобрија нашите здравствени власти и наскоро, се надеваме, ќе можеме да ја купиме и да го започнеме задничкото производство“, изјави шефот на иранската дипломатија Мохамад Џавад Зариф на прес-конференцијата по разговрите со својот руски колега по должност Сергеј Лавров.

Иран, кој е најпогодениот вирус меѓу блискоисточните земји, но по одредени проблеми во врска со плаќањата на вакцините и поради геополитичките децениски тензии со западните земји на , во првата седмица од јануари Иран објави дека е откажан увозот на 150.000 дози од вкацината против коранвирусот на американската компанија „Pfizer“, како и дека нема да ги набавува другите западни препарати.

Властите во Техеран сега инсистираат што поскоро да ги навата вакцините од земјите со кои одржива добри односни, во прв ред Русија, Кина и Индија.

Руската вакцина против коронавирусот наречена „Спутник V“ во чест на првиот сателит кој СССР го лансирал во 1957 годна, на Западот беше дочекана со сомнежи откако беше првата која беше одобреба во авугст 2020 година. Се сметаше дека е преурането нејзиното одобрување и отворено се искажуваа сомневања во нејзината ефикасност поради наводен недостиг од транспарентни податоци.

Но откако англо-шведската компанија „AstraZeneca“ која на иста платформа во соработка со Универзитетот Оксфорд изработи своја вакцина, покажа интерес да истражува можност за комбинирање на двата препарата за добивање посилен и постабилен имунолошки одоговор, се зголеми и интересот во светот за „Спутник V“.

Вакцината „Спутник V“ е создадена на веќе докажаната и проучена платформа на векторски аденовирус кај луѓето и веќе има одобренија од регулаторните тела во Русија, Белорусија, Аргентина, Обединетите Арапски Емирати, Унгарија, Србија, Боливија, Бразил, Мексико, Алжир, Палестина, Венецуела, Парагвај, Турција и Туркменистан. Во некои од овие земји и договорено е и заедничко производство. Во моментов започнат е процесот на регистрација на вакцината во Европската унија.