Иранското правосудство во неделата ја потврди смртната казна за иранско-шведски дисидент кој е обвинет за тероризам, две години откако беше пријавено неговото исчезнување од аеродром во Турција, објави службената интернет страница Mizan Online.
Хабиб Шаб во Иран се наоѓа од октомври 2020 година кога е пријавено негово исчезнување при посета на Турција и му беше судено во Техеран, кој не го признава двојното државјанство. Прогласен е виновен за корупција и за основање бунтовничка група и осуден е на смрт на 6-ти декември 2022 година. Во неделата е објавено дека иранскиот Врховен суд ја потврдил пресудата.
Mizan Online објави дека Врховниот суд ја потврдил смртната казна на Хабиб Фараџолах Шаб поради „формирање и водство на бунтовничка група под назив Харакат ал-Нидал, како и за осмислување и изведување бројни терористички операции во покраината Кузестан“.
Иран групата Харакат ал-Нидал ја обвини за „соработка за други терористички групи“, вклучително и соработка во нападот од 2018 година на воената парада во градот Ахваз во југозападниот регион Кузестан, кога се убиени најмалку 25 и ранети речиси 250 луѓе.
Хабиб Шаб е последниот во низата осудени на смрт во Иран. Минатата седмица судот во Ахваз на смрт осуди шест мажи поради напад на и „извршување нареди на своите европски водачи“. Прогласени се за виновни за „вооружени операции“ во периодот меѓи 2017 и 2019 година во кои се убиени четири лица, меѓу кои еден војник и двајца членови на иранската доброволечка милиција Басиџ, според објавата на судат.
Исламската Република Иран секоја година погубува повеќе луѓе од која и да е друга нација на светот со исклучок на Кина, според податоците на западните невладини организации за човекови права, вклучително и Amnesty International. Во февруари беше погубен курдски милитант осуден за убиство на полицаец. Овие групи чинот го осудија, сметајќи дека станува збор за политички затвореник.