
Во Техеран во средата започна конференцијата за иднината на Авганистан, но на неа не присуствуваат претставнциите на новата талибанска власт во Кабул.
Министрите за надворешни работи од земјите во авганистанското соседство, односно Иран, Пакистан, Таџикистан, Трукменистан и Узбекистан, планираат лично да учествуват. Преку видео-врска треба да се вклучат и шефовите на дипломатиите на Русија и на Кина.
Еднодведната конференција ја отвора иранскиот претседател Ебрахим Раиси.
Според иранското министерство за надворешни работи, главната цел на Техеран сите политички групи во Авганистан да учествуваат во обликувањето на политичката иднина на земјата. За да се постигна тоа, сите соседни земји мора конструктивни да соработуваат, истакнува иранската дипломатија.
Портпаролот на иранското министерство за надворешни работи на Twitter, исто така, порача дека треба да се избегнува странското мешање во внатрешните работи на Авганистан.