Иран е за дијалог, ако САД ги укинат санкциите

Укинете ги санцкиите врз Техеран и вратете се на нуклеарниот договор од 2015 година. Тогаш ќе седнеме на преговарачка маса.

Ова е најновата пораката до САД што ја испрати иранскиот претседател Хасан Рохани.

Американските санкции го доведоа во опасност договорот. Иран почна да го прекршува и се закани дека целосно ќе го напушти  ако  Франција, Британија и Германија, кои покрај Русија и Кина, се потписнички  на договорот  до септмеври не ја спасат спогодбата. Лондон смета дека спогодбата може да спаси. Иранците со поделени мислења за санкциите.