Иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан ги отфрли во вторникот западните критика на неговата земја поради наводна репресија над демонстрантите кои од средината на септември незадоволство со политичката ситуација во теократската земја, обвинуваји ги САД дека ги поттикнуваат смртоносните безредија за да ја урнат актуелната власт во Техеран.
Шефот на иранската дипломатија во текот на престојот во Сараево, каде што за билатералните односи разговараше со функционери од Босна и Херцеговина, а потоа се сретна со министерката за надворешни работи Бисера Турковиќ, изјави дека Иран ги отфрла критиките на земјите, како на пример САД, поради прашањата со човековите права во неговата земја.
Одговарајќи на новинарско прашање за ситуацијата во Иран, Амир-Абдолахиан, каде што од септември се одржуваат насилни протести во кои според различни извори загинале околу 200 припадници на иранските безбедносни сили и повеќе од 500 демонстранти, рече дека изминаите осум седмици претставувале „кулминација на странското мешање, со поттикнување безредија и терор“, а за таквите активности ги обвини САД.
„Ниту едно лице во Иран не настрада од пукање на безбедносните сили“, тврдеше шефот на иранската дипломатија кој посочи дека најмалку 67 полицијаци се убиени од избувнувањето на протестите, за што ги обвини „екстремистите кои ги поттикнуваат САД“, бидејќи „ја сакаат контролата над иранската нафта и другите енергенси“.
Амир-Абдолахиан рече и дека Иран е загрижен поради војната во Украина и оти се противи на таа војна на ист начин како што се противи и на војните во другите делови од светот.
БиХ беше меѓу ретките земји кои беа воздржани кога во ноември на Третиот одбор на Генералното собрание на ОН се гласаше за резолуцијата со којашто по предлог на западните земји требаше да се осуди крешење на човековите права во Иран, како и насилно задушување на протестите, кои избувнаа прво во курдската и сунитска провинција откако кон средината на септември во притворот на милицијата за заштита на јавниот морал почина 22-годишната курдска студентка Махса Амини. Либералните демонстранти ја обвинуваат власта дека Амини била приведена затоа што од под задолшителната шамија за покривање на главата и „штрчеле неколку прамени коса“, оти во притворот починала од последици на полициска тортура и удари. Властите, пак, велат дека смртта настапила поради поранешни здравствени проблеми на младата девојка.
Со резолуцијата којашто ја поддржаа мнозинство од членките во ОН, покрај другото, на Иран му е упатен повик да престане со користењето „прекумерна сила против мирните демонстранти, вклучително и жените и децата“, но не се споменуваат терористичките напади со огнено оружје од маскирани напаѓачи на мотоцикли во кои само минатата седмица беа убиени десетина ирански полицајци во патроли.
Воздражаноста во текот на гласањето за осудување на власта во Техеран, по добиените критики, амабсадорот на БиХ во ОН, Свен Алкалај ја објасни со инструкции кои ги добил за тоа од Министерството за надворешни работи на БиХ.
Шефицата на босанскохерцеговската дипломатија, Бисера Турковиќ, во вторникот коментирајќи ги дискусиите на Амир-Абдолахиан со новинарите, индиректно застана на страната на иранскиот колега по должност велејќи дека таа го поддржива известувањето на медиумите но оти смета дека е опасно „креирањето стереотипи“, додавајќи дека малку се зборува за човековите права во Авганистан и на палестинските подрачја, а дека лично верува дека сите треба да имаат право на облекување какво што сакаат.
Хрватските функционери во телата на властите на БиХ ги избегнаа средбите со Амир-Абдолахиан. Саравскиот адвокат и поранешен новинар Сенад Печанин на социјалните држави организацијата на посетата на иранскиот министер на БиХ ја оцени како „идотска“.
„Благодарејќи на минитерката Турковиќ на (челникот на досега водечката бошњачка партија SDS) Бакир (Изетбеговиќ), БиХ е една од ретките држави која е домаќин на министер на иранскиот злосторнички режим, режим кој крвнички убива граѓани кои сакаат слобода и кој е сојузник во руското злосторство над Украина. Честитам идиоти“, напиша Печанин.