Иран ги прецизира податоците за коронаворусот со 12 жртви, Ирак го пријави првиот заболен

Бројот на регистрираните случаи на инфекција со новиот сој коронавирус Covid-19 во Иран во понеделникот достигна 64, од кои 12 со смртен исход, изјави портпаролот на министерството за здравство, Кијануш Џаханпур.

„Во овој момент кај имаме тично 64 случаи на зараза со Covid-19. За жал, во текот на изминатите денови од нив 12 лица починаа“, се наведува во писмената изјава на Џаханпур, објавена на мрежната страница на министерството.

Во изјавата додава дека општата состојба на заболените има „позитивна тенденција и се подобрува“, пренесува агенцијата INSA.

Претходно иранските власти соопштија дека бројот на заразените со коронавирусот во Иран достигнал 43 лица, од кои имало осум смртни случаи. Смртните исходи како последица од инфенција со Covid-19 се регистрирани во покраините Кум, Маркази и Мазендеран.

Истовремено во понеделникот беше објавено дека е потврден првиот случај на инфекција со коронавирус на територијата на соседен Ирак. Како што пренесе телевизијата Al Arabiya, вирусот е откриен кај студен од Иран.