Иранскиот Врховен суд затвори два огранока на организации поврзани со Германија поради „незаконски активности и финансиски измами“, објави во вторникот новинската агенција Mizan, откако Германија забрани исламски центар во Хамбург.
Новинската агенција објави фотографии од безбедносните сили кои го отстрануваат знакот на Институтот за германски јазик во Техеран, кој е поврзан со германската амбасада.
„Дополнително, има извештаи за прекршување од други центри поврзани со Германија и истрагата е во тек“, наведува Mizan, агенцијата којашто објавува информации од иранското правосудство.
Во јули, Германија го забрани Исламскиот центар во Хамбург (IZH) и неговите филијали поради „радикални исламистички цели“, соопшти германското Министерство за внатрешни работи.
Министерството објави дека IZH е директен претставник на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи и дека наводно сакале да спроведат исламска револуција во Германија. После тоа, Иран го повика на разговор германскиот амбасадор во Техеран врачувајќи му протестна нота.