![iranski raketi](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/10/iranski-raketi.jpg?resize=650%2C366&ssl=1)
Иран го обвини Израел дека стои зад неуспешниот план за саботирање на неговата одбранбена индустрија и производството на проектили, објавија во четвртокот државните медиуми.
„Одделот за разузнавање на Министерството за одбрана спречи еден од најголемите планови за саботажа насочени кон ракетната програма на Иран, авијацијата и воздухопловната воена индустрија“, објави иранската државна телевизија.
„Таа саботажа беше извршена под раководство на ционистичките разузнавачки служби и нивните агенти“, се додава во информацијата.
Израел сѐ уште не ги коментираше обвинувањата.
Неименуван претставник на иранското Министерство за одбрана изјавил, според државните медиуми, дека мрежата агенти поврзана со Израел се обидела да вметне неисправни делови во производството на напредни модели проектили.