Иран го одби во неделата повикот на францускиот претседател Франсоа Макрон на разговори за иранските балистички проектили со објаснувањето дека нивната цел е одбранбена, како и дека на нив не се однесува нуклеарниот договор со шесте светски сили од пред две години.
Во четвртокот во текот на својата посета на Дубаи, францускиот претседател Франсо Макрон изјави дека е „многу загрижен“ од иранската балистичка програма, и притоа го спомена проектилот истрелан од Јемен претходно во ноември кој саудиската престолнина Ријад.
Макрон ја зголеми можноста од санкции, поради таквите активности. „Мораме да започнеме преговори за иранските балистички проектили“, рече францускиот челник.
Меѓутоа, портпаролот на иранското министерство за надворешни работи, Бахрам Касеми, ја отфрли таквата можност.
„Франција е потполно свесна за цврстиот став на нашата земја дека за прашањето на иранската одбрана не се преговара. Во повеќе наврати веќе им рековме на француските функционери дека за нуклеарниот договор не се преговара и дека нема да биде дозволено на тоа да се додаваат и други прашања“, вели Касеми во изјавата објавена на социјалните страници на иранското министерство.