Иран го потврди запленувањето на танкерот во Оманскиот залив

Иран заплени танкер кој пренесувал ирачка сирова нафта наметена за испорака во Турција во четвртокот, што претставува одмазнички потег откао САД кои се најголемиот непријател на Исламската Република го запеленија истиот брод минатата година., известуваат иранските медиуми.

„По насилното грабнување на ‘Suez Rajan’ во април и кражбата на иранската нафта од страна на Соединетите држави, танкерот со нафта преименуван во ‘St Nicholas’  утрово беше запленет како одмазда со судска наредба и одобрение на Организацијата на пристаништа и бродови од стратешката морнарица на Армијата на Исламската Република Иран и префрлен во иранско пристаниште“, објави иранската новинска агенција Fars, цитирајќи воено соопштение.

На нафениот танкер „St. Nikolas“, кој сега пловел под знамето на Маршаловите Острови, кој минатата 2023 година го запленија САД поради транспорт на иранска нафта за Кина, се истовариле вооружени лица додека пловел близу оманскиот град Сохар, тврди британската компанија за поморска безбедност „Ambrey“. Бродскиот систем за следње AIS бил исклучен кога запловил во правец на иранското пристаниште Бандар-е-Џаск.

Иран ги предупреди САД дека „нема да останат без одговор“ за запленувањето на бродот минатата година.

„Иранската морнарица објави дека запленила американски танкер за нафта во Оманскиот залив со судска наредба“, соопштија иранските државни медиуми, цитирајќи ја изјавата на армијата во четвртокот.

Не е познато зошто иранските медиуми наведуваат дека се работи за американски брод. Но од Техеран потсетуваат дека мнатиот август, американската воена морнарица го истоварила танкерот со „украдена иранска нафта“ во вредност од околу 56 милиони долари во пристаниште во Тексас, и покрај „предупредувањата од Иран и откако американските нафтени компании се спротивставија на искушението да го допрат танкерот од 800.000 барели поради страв од иранска одмазда во водите на Персискиот залив“.

Во 2023 година, САД го зазедоа танкерот „St. Nikolas“ во операцијата за извршување санкции кога бродот пловеше пдодека пловеше под името „Suez Radјan“. Вашингтон тогаш тврдеше дека Иранскиот корпус на револуционерната гарда (IRGC) се обидувал да „прошверцува“ иранска нафта во Кина, што ги прекршува американските санкции.

Сега бродот натоварил 145.000 метрички тони нафта во ирачкото пристаниште Басра и испловил за присанишетот Алијага, во западна Турција, преку Суецкиот канал, изјавил за Reuters неговиот оператор „Empire Navigation“, додавајќи дека изгубил контакт со бродот.

Инцидентот во четвртокот се случи во близина на Ормускиот теснец, меѓу Оман и Иран. Екипажот на бродот се состои од 19 членови, поточно 18 Филипинци и еден Грк, соопшти операторот, додавајќи дека бил ангажиран од турската нафтена рафинерија „Tupras“.

Управата на Обединетото Кралство за поморски трговски операции за трговски (UKMTO) претходно во четвртокот соопшти дека добиле извештај дека четири до пет вооружени мажи се качиле на бродот, на околу 50 наутички милји источно од брегот на Оман. Властите на Велика Британија, кои обезбедуваат информации за поморската безбедност, рекоа дека не можат да остварат дополнителен контакт со бродот и дека властите сè уште го истражуваат инцидентот.

Американското запленување на тогаш иранскиот танкер  „Suez Radјan“ минатата година, се случило само неколку дена откако група американски сенатори и претставници на Претставничкиот дом, по налог на израелското лоби во Вашингтон, почнаа да го зголемуваат притисокот врз администрацијата на претседателот  Џо Бајден да го истовари танкерот, без да се земат предвид неговите можни последици, пишуваат иранските медиуми.

Притоа се потсетува дека тоа не беше првпат САД да прибегнуваат кон неконвенционален чекор за запленување на товар на суверена земја во меѓународните води. Така, во мај 2022 година, САД го запленија бродот „Pegas“ управуван од Русија, кој превезуваше иранска нафта од брегот на Каристос во близина на Грција, и се обидоа товарот со нафта да го пренесат во САД, но грчкиот суд пресуди против овој потег.

Во февруари 2021 година, Вашингтон заплени танкер со иранска нафта во близина на брегот на градот Фуџаира, во Обединетите Арапски Емирати, и продаде повеќе од еден милион барели нафта одземена од него за 110 милиони долари, или 55 долари за барел.

Од Техеран, исто така, критикуваат дека САД “редовно ја крадат“ сириската нафта  последниве години под превезот на антитерористички операции во арапската земја. Во август 2022 година, сириското Министерство за нафта ги обвини САД и нивните платеници дека крадат 66.000 барели нафта дневно, што претставува речиси 80 отсто од производството на нафта во земјата.