Иран и Русија во вторникот испратија оптимистички сигнали во врска со спасувањето на нуклеарниот договор кој во 2015 година во Виена со Техеран го постигнаа шесте светски сили, а иранската страна додаде дека договорот е можен доколку и другите страни покажат „добра вера“, рускиот преговарач извести за „неоспорен напредок“.
Во понеделникот Иран и САД ги продолжија индиректните преговори во Виена за спасување на споменатиот договор според кој САД, Русија, Кина, Велија Британија, Франција и Германија како претставничка на Европската унија и единствената надвор од Советот за безбедност при Обединетите нации, се договорија за укинување на децениските санкци за Техеран во замена за огранучување на неговата нуклеарна програма до нивото од кое не може да се прозиведе нуклеарно оружје.
Преговарачите сега се обидуваат како да изнајдат начини како да ги вратат Иран и САД во рамките на споменатиот договор, но Вашингтон никогаш не ги укина своите санкции кои се однесуваа на домен за кој сметаа дека е поврзан со нуклеарното оружје, а потоа поранешниот американски претседател Доналд Трамп во 2018 година ја повлече земјата од договорот, инсистирајќи на нови преговори со кои би била опфатена и иранската ракетна програма.
Откако неколку месеци Иран очекуваше европските потписници на договорот да ја зашитат неговата економија од американските санкции, започна постепено да ги суспендира своите обврски од договорот, во прв ред во поглед на количеството и нивото на збогатување на ураниумот.
„Преговорите во Виена одат во добар правец (…) Веруваме дека доколку другите страни ја продолжат оваа рунда од преговорите, коај само што започна, во добра вера, постигнувањето на добар договор за сите страни е можно. Доколку, во добра вера, бидат и сериозни, договоро е достижен во насјкора иднина“, изјави ирански министер за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан за Reuters во Техеран.
Рускиот претставник Михаил Улјанов на Twitter објави дека „сведоци сме на неоспорен напредок. Активно се дискутира за укинување на санцкиите во неформална атмосфера.
Седмата рунда од преговорите заврши пред 11 дена, кога Иран постави нови услови. Според западните дипломати, последниот круг од преговорите завршил без значаен напредок, потсетувајчи дека во јуни на власт во Техеран дојде претседателот Ебрахим Раиси, претставник на тврдата струја. Западните извори тврдат дека преговрачите имаат на располагање „седмици а не месеци“, пред договорот од 2015-та да стане безначаен.
Иран одбива директно да преговара со САД, со кои дипломатските односи се прекинати од Исламската револуција во 1979 година и американските дипломатски интереси ги застапува Швајцарија. Во преговорите за нуклеарниот договор меѓу нив посредуваат спомнатите други пет потписнилки вклучително и ЕУ.
Во вторникот иранските медиуми објавија дека претседателот Ебрахим Раиси планира да ја посети Русија на почетокот од 2022 година, на покана од претседателот Владимир Путин.