Иранскиот претставник во Меѓународната агенција за атомска енергија, Реза Наџафи денеска изјави дека конечниот договр меѓу Иран и „шесторката“ за иранската нуклеарна програма би можел да биде постигнат и пред поставениот краен рок, пренесува МИА.
– Доколку учесниците се обврзат на договорените параметри, би било остварливо постигнување конечен договор пред крајот на јуни, изјави Наџафи во Виена по завршувањето на состанокот на Одборот на директори на Агенцијата.
Запрашан дали Иран ќе ги спорведе мерките предвидени со рамковниот договор постигнат во април и дали ќе им дозволи на инспекторите на ОН пристап до неговите воени објекти, Наџафи рече дека за сите детали треба да биде почекан тексот на конечниот договор.