Иран инсталира уште напредни центрифуги во Натанц

Иран инсталирал уште понапредни центрфигуфо за забогатување ураниум во подземната постројка Натанц и планира дополнително зголемување на нивниот број, се наведува во извештајот на Мешинародната агенција за атомска енергија (IAEA), објавен во средата, со што Техеран го продлабочил суспендирањро на своите обврски од нуклеарниот договор со светските сили, како одговор на американското повлекување на САД и воведувањето нови санкции за иранската економија.

„Агенцијата на 21-ви април 2021 година потврила дека во Постројката за збогатување ураниум (FEP) дека: …. инсталирани се шест каскади 1044 IR-2m центрифуги, и две каскади 348 IR-4 центрифуги, од кои одреден број се корисат“, се наведува во извештајот, кои се однесува на погоните за збогатување ураниум во Ннарац.

Во извештајот на IAEA увид имала агенцијата Reuters, а извештајот од 1-ви април се наведува дека Иран ги користи центрифугите 696 IR-2m и 174 IR-4 во оваа постројка.

Иран минатата седмица објави дека продолжува со збогатувањето на ураниумот до ниво од 60 отсто, најмногу досега и далеку од речиси 4 отсто пропишано со договорот од 2015 година. Со тоа се прави голем исчекор кон нивото од 90-процентно збогатен ураниум кога може да се прави нуклеарно оружје во постројката во Натанц, каде минатата седмица се случи експлозија, за која Техеран тврди дека е диверзија во која е вклучен Израел.

Иран изминатите месеци ги зголеми збогатувањето на ураниумот на 20 отсто, на ниво коие се смета за исклучително богат и што претставуваше значителен чекор кон нивото од кое може да стане оружје.

Со договорот од 2015 година со шесте светски сили која ги ограничи иранските нуклеарни амбиции во замена за укинување на децениските санкции, беше дозволена чистота на ураниумот на ниво од 3,67 отсто во огранични количества. Иран досега редовно негира дека сака да развие нуклеарно оружје, туку дека целта е развој на нуклеарната програма за добивање електрична енергија и во медицинско-научни цели.

Од пред десетина дена претставниците на Иран и светските сили водат преговори во Виена се обидуваат да го спасат нуклеарниот договор од 2015-та, од кој во мај 2018 година еднострано се повлекоа САД во настојувањата во договорот да ја вклучат и иранската ракетна програма, на што инсистира американскиот регионален сојузник Израел кој е смртен непријател на Техеран.