Иран испратил голем број моќни балистички ракети во Русија, изјавиле за Reuters шест извори, што претставува продлабочување ја воената соработка меѓу двете земји под американските санкции.
Снабдувањето со околу 400 проектили вклучувало многу балистички ракети со кус дострел од класата „Фатех-110“, како што е „Золфагар“, рекле три ирански извора. Оваа патно-мобилна ракета е способна да погоди цели на растојание од 300 до 700 километри, велат експертите.
Иранското Министерство за одбрана и Револуционерната гарда, елитните сили кои ја надгледуваат иранската програма за балистички проектили, одбиле да коментираат. Руското Министерство за одбрана, исто така, не коментирало.
Испораките започнале на почетокот на јануари, откако договорот бил финализиран кон крајот на минатата година на состаноците меѓу иранските и руските воени и безбедносни претставници одржани во Техеран и во Москва, изјавил еден од иранските извори.
Ирански воен претставник, кој сакал да остане анонимен поради чувствителноста на информациите, рекол дека имало најмалку четири испораки на проектили и дека ќе има повеќе во наредните седмици.
Друг висок ирански функционер рекол дека некои од проектилите биле испратени во Русија со брод преку Каспиското Море, додека други биле транспортирани со авион.
„Ќе има повеќе испораки. Нема причина тоа да се крие. Дозволено ни е да извезуваме оружје во која и да е земја“, рекол друг ирански функционер.
Ограничувањата на Советот за безбедност на ОН за иранскиот извоз на некои ракети, беспилотни летала и друга технологија истекоа во октомври минатата година. Сепак, САД и ЕУ ги задржаа санкциите за иранската програма за балистички ракети поради загриженоста за извозот на оружје за нивните сојузници на Блискиот исток и Русија.