Смртната казна со бесење врз Зеинаб Секанванд од Иран, која сега има 22 години, била одложена, откако младата жена забременила.
Во затворот родила мртвороденче, за кое лекарите објаснуваат дека умрело во утробата на мајката, на два дена пред породувањето, поради шокот што таа го доживеала од егезекуцијата на нејзниниот партнер од затворот.
Властите од Иран, според АИ, можат да ја променат казната, затоа што таа не била полнолетна кога се случило убиството на нејзиниот прв сопруг, за кое е осудена, но одбиваат да ги прифатат сугестиите на организацијата за заштита на човековите права.
Жената тврди дека не го убила сопругот, туку дека тоа го сторил неговиот брат, кој повеќепати пред убиството, ја имал силувано.
АИ го опишува нејзниниот случај како тажен, затоа што Зеина потекнува од сиромашно и конзервативно семејство на ирански Курди, од каде побегнала, кога имала 15 години и се омажила за својот сега покоен сопруг.
Верувала дека како омажена ќе има подобар живот од оној ка родителите, но набргу се соочила со насилството на сопругот кој речиси секојдневно ја тепал.
Повеќепати се пожалила во полицијата, но таа ниту еднаш не застанала во нејзина заштита. Барала развод и не го добила, а кога сакала да се врати кај родителите, тие јавно се откажале од неа и одбиле да ја примат дома.
Кога нејзинит сопруг бил најден убиен, со повеќе убоди од нож, била уапсена. Во текот на судењето, тврдела дека полицијата врз неа применувала тортура.