Иран го потврди во четвртокот ослободувањето на американски осуденици во затворот Евин во Техеран во рамките на договорот за размена на затворениците со САД, извести службената новинска агенција Irna.
„Според овој договор, ќе бидат разменети пет ирански затвореници во Соединетите држави и пет американски затвореници во Исламската Република“, објави агенцијата повикувајќи се на извор запознаен со темата.
Петтемина Американци затворени во Иран се преместени од затвор во домашен притвор, соопштија во четвртокот нивните семејства и официјален Вашингтон, што е првиот чекор во кревкиот договор кој би можел да додведе до одмрзнување на блокираните милијарди долари на Иран.
Придвижувањето во ослободувањето на овие затвореници, од кои едниот одлежал речиси осум години, се случува по интензивните преговори далеку од јавноста меѓу Вашингтон и Техеран, кои се во отворено непријателство со децении.
Не се наведува за кои ирански затвореници станува збор, но Иран во август 2022 година извести за притворања на „десетици“ ирански државјани во САД, вклучително и на Реза Срајангпур и Каниз Атар Кашани, обвинети дека ги „прекршиле американските санкции“ наметнати на Иран.
Следниот чекор во договарањето, рекол извор близок на преговорите, би можел да биде дознака од 6 милијарди долари ирански средства замрзнати во Јужна Кореја на посебна сметка во Катар. Ирен би можел, според истиот извор, да ги употреби за набавка прехранбени продукти и лекови.
Доколку преговорите се одвиваат според планот, Американците ќе можат да го напуштат Иран во текот на септември, рекол добри информираниот извор.
Четворица затвореници: иранско-американски државјани Сиамак Намази, Емад Шарки, Морад Тахбаз и еден чиешто име не е откриено, го напуштиле техеранскиот затвор Евин, кој во западните земји се означува како инстуција во којашто се практикуваат нечовечки тортури. Ден претходно семејствата од американски функционери добиле известување за напредок во преговорите.
Во четвртокот вечерта иранската амбасада при Обединетите нации го потврдило излегувањето на американските државјани од затворот.
Споменатите четворица со придружба се доведени во хотел, каде што ќе останат под надозр на полицијата, рекол адвокат не еден од затворениците. Случајот на петтиот затвореник, всушност Американка, е дел од преговорите. Таа уште пред неколку седмици била пренесена во домашен притвор.
„Иако ова дава надеж, овие американски граѓани (…) никогаш не требаше да бидат во затвор… Внимателно се следи ситауцијата и администрацијата ќе работи на нивното ослободување сѐ додека сите не бидат дома, во САД“, истакна во писмена изјава Ејдриен Вотсон, портпаролка на Националниот совет за безедност при Белата куќа, пренесува агенцијата Reuters.
Сите затворени Американци се со иранско потекло. Иран не признава двојно државјанство и двете земји не одржуваат директни дипломатски врски на нивоа на амбасади и други дипломатски претставништва од Исламската револуција во 1979 година.
„Преговорите за нивното конечно ослободување сѐ уште траат и се чувствителни“, додава Вотсон без да даде повеќе информации за нивната судбина и текот на преговорите.