Иран најави зголемување на буџетот за одбрана за 200 отсто

Владата на Иран во вторникот предложи зголемување на буџетот за одбрана за 200 проценти за следната фискална година, почнувајќи од март 2025 година, во услови на зголемени тензии со Израел.

Израел нападна воени цели во Иран во саботата, како одговор на одмазничкиот иранскиот ракетен напад врз Израел на 1-ви октомври. Иран го оправда својот напад како одмазда за израелското бомбардирање на Либан, во кое загина проиранскиот лидер на Хезболах Хасан Насрала, како и претходните израелски ракетирања во кои беа убиени ирански воени советници во Либан и Сирија.

Тоа беше одмазда за атентатот на политичкиот лидер на палестински Хамас, Исмаил Ханије, на иранска територија, што Техеран му го припиша на Израел.

Со оглед на експлозивниот регионален контекст, иранската влада предложи „значително зголемување на воениот буџет на земјата за повеќе од 200 отсто“, рече владиниот портпарол Фатемех Мохаџерани. Тој не кажа точно колку пари ќе бидат наменети за воениот буџет.

Иранската влада не ја објави големината на воениот буџет за 2024 година. Но, повеќето аналитичари велат дека вообичаено се наменети за Револуционерната гарда (IRCG), моќна идеолошка војска која го брани иранскиот режим.

Соред официјалната новинска агенција IRNA, oстанатиот дел е поделен на главниот штаб на вооружените сили и на редовната армија.

Според Стокхолмскиот меѓународен институт за истражување на мирот (Сипри), воените трошоци на Иран во 2023 година биле речиси 10,3 милијарди американски долари.

Ова не ги вклучува трошоците за Чуварите на револуцијата.

Според Сипри, израелскиот воен буџет се зголемил за 24 отсто во 2023 година во однос на претходната година и изнесувал 27,5 милијарди долари.

Од почетокот на војната во Појасот Газа во октомври 2023 година, Израел доби голема воена помош од своите сојузници, пред се од САД.

САД трошат најмногу во светот за одбрана – 916 милијарди долари во 2023 година, покажуваат достапните податоци.

Иранскиот парламент во вторникот ги одобри главните линии на буџетот за фискалната 2025-2026 година.