Иран на јеменските хутисти им ги ставил на располагање своите балистички проектили

Иранската полуофицијална новинска агенција Tasnim објави во средата дека Техеран им го ставил на располагање на борците на јеменската шиитска заедница Хути својат балистички ракет од типот „Ghadr“, кој може да се лансира од морска површина.

„Иранската балистичка ракета лансирана од море, наречена Ghadr, сега е ставена на располагање на јеменските (хутистички) борци“, објави Tasnim, новинска агенција за којашто се верува дека е поврзана со елитната иранска Револуционерна гарда.

„Сега проектилот… стана оружје способно да постави сериозни предизвици за интересите на САД и нивниот главен сојузник во регионот, ционистичкиот режим“, објави Tasnim.

Иранското Министерство за надворешни работи не одговори веднаш на барањето на Reuters за коментар.

Иран ги поддржува борците на едниците Ал Анасарала на хутистите, но постојано негираше дека ја вооружува групата.

Хутистите, со цел да ја покажат својата поддршка за Палестинците во војната во Појасот Газа, ги напаѓаат бродовите поврзани со Израел и земјите кои го поддржуваат во и околу Црвеното Море, што влијае на една од најклучните поморски рути за светската трговија.

Според американската канцеларија на директорот на националното разузнавање, Иран има најголем број балистички ракети во регионот. Исто така, е главен производител на дронови-камиказе и бесполотни летала со високи технички перофрманси.