Иран во четвртокот објави дека во работа ги пуштил новите центрифуги за збогатување ураниум, како и дека од своите нуклеарна постројки ќе отстрани 27 надзорни камери, откако Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) усвои резолуција за земјата.
Нејасно е за кој тип понапредни центрфигуфи за забогатување ураниум во подземната постројка Натанц станува збор. Пред повеќе од едма година IAEA објави дека Техеран го продлабочил суспендирањро на своите обврски од нуклеарниот договор со светските сили, како одговор на американското повлекување на САД и воведувањето нови санкции за иранската економиј и дека во Постројката за збогатување ураниум (FEP) инсталирани се шест каскади 1044 IR-2m центрифуги, и две каскади 348 IR-4 центрифуги. Според истиот извештај на почетокот од ланскиот април Иран ги користи центрифугите 696 IR-2m и 174 IR-4 во оваа постројка.
Управниот одбор на IAEA во средата го повика Иран „целосно да соработува“ со нејзините инспектори, а пред резолуцијата Техеран отстрани 27 видео-камери за следење на активностите во иранските нуклеарни постројки.
„Известени сме дека 27 камери (…) се исклучени од системот за следење во Иран“, изјави во четвртокот генералниот директор на IAEA, Рафаел Гроси на прес-конференција во седиштето на организацијата во Виена.
Гроси притоа оцени дека тоа претставува „голем предизвик“ за работата на организацијата за можноста да потврди дека Иран се придржува со обврските од Заедничкиот сеопфатен акционен план (JCPOA) за иранската нуклеарна програма од 2015 година меѓу Техеран и шесте светски сили. Додаде и дека 40 камери за надзор сѐ уште се во функција во иранските нуклеарни постројки.
Од 35 држави членки, само Кина и Русија гласале против резолуцијата на IAEA, според неименувани дипломатски извори на агенцијата DPA.
Од IAEA претходно седмицава предупредија дека Иран за неколку седмици би можел да има доволно материјал за изработка на нуклеарно оружје. Иран веќе збогатил 43,1 килограм ураниум на ниво на чистост од 60 отсто, според извештајот на организацијата.
Западните аналитичари предупредуваат дека околу 50 килограми би биле доволни за нуклеарно оружје, доколку ураниумот се збогати на малку над 90 отсто. Техеран и натаму истакнува дека нуклеарната технологија му е потребна за произведување електрична енергија и во медицински цели.
Преговорите меѓу Иран и IAEA се одвиваат паралелно со преговорите за обновување на нуклеарниот договор. Новите ограничувања за иранската нуклеарна програма главно се договорени, но сѐ уште не е постигнат договорено укинувањето на американските санкции.
Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот ирански колега по должност Ебрахим Раиси за тоа разговарале телефонски. „Соработката на суверените држави би можела да го неутрализира незаконскиот притисок од Западот“, соопшти кабинетот на иранскиот претседател.
Иран уште во април минатата 2021 година објави дека продолжува со збогатувањето на ураниумот до ниво од 60 отсто, најмногу досега и далеку од речиси 4 отсто пропишано со договорот од 2015 година. Со тоа се прави голем исчекор кон нивото од 90-процентно збогатен ураниум кога може да се прави нуклеарно оружје во постројката во Натанц, каде претходно ланскиот април се случи експлозија, за која Техеран тврди дека е диверзија во која е вклучен Израел.
Иран минатата година го зголеми збогатувањето на ураниумот на 20 отсто, на ниво коие се смета за исклучително богат и што претставуваше значителен чекор кон нивото од кое може да стане оружје.
Со договорот од 2015 година со шесте светски сили која ги ограничи иранските нуклеарни амбиции во замена за укинување на децениските санкции, беше дозволена чистота на ураниумот на ниво од 3,67 отсто во огранични количества. Иран досега редовно негира дека сака да развие нуклеарно оружје, туку дека целта е развој на нуклеарната програма за добивање електрична енергија и во медицинско-научни цели.
Од пред десетина дена претставниците на Иран и светските сили водат преговори во Виена се обидуваат да го спасат нуклеарниот договор од 2015-та, од кој во мај 2018 година еднострано се повлекоа САД во настојувањата во договорот да ја вклучат и иранската ракетна програма, на што инсистира американскиот регионален сојузник Израел кој е смртен непријател на Техеран.