Иранец обвинет и осуден за шпионирање во полза на американските и израелските разузнавачки служби е погубен во понеделникот, пренесе иранската новинска агенција IRIB.
Во јуни иранскиот суд потврди дека Махмуд Мусави-Маџд, кој е уапсен во 2018 година, го шпионирал поранешниот командант на Револуционерната гарда, Касем Сулејмани. Притоа беше истакнато дека овој случај не е поврзан со атентатот кој го извршија САД врз Сулејмани на 3-ти јануари годинава на меѓународниот аредором крај ирачката престолнина Багдад, со образложение на Вашингтон дека генералот бил главниот планер за нападите врз американските интереси во регионот.
Егзекуцијата во Иран доаѓа во периодот кога на многу ирански граѓани јавно протестираат преку социјалните мрежи против смртната казна за тројца мажи кои се обвинети за учество во антивладините протести во ноември минатата година, и исто така за контакти со странсти разузнавачки служби.
Постапката за ликвидација на тројцата осуденици е прекината, изјави во неделата едниот од нивните адвокати, Бабак Пакниа. Активистите за човекови права, пак, велат дека целта на изречените смртни казни за тројцата мажи е да се заплашат идните демонстранти.