![73033_511](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/05/73033_511.jpg?resize=458%2C305&ssl=1)
Иран во петокот егзекутираше тројца мажи осудени на најстрога казна за нивната вмешаност во смртта на полицајци за време на протестите предизвикани од смртта на Махса Амини минатата година, објавија судските власти.
Тројцата мажи се прогласени за виновни и осудени на смрт за „војна против Бога“ и поседување оружје во текот на демонстрациите во градот Исфахан, според веб-страницата на информативната агенција заа судските власти Mizan Online.
Тие биле уапсени во ноември минатата година, а осудени на смрт во јануари.
Тие, исто така, се прогласени за виновни дека биле членови на „нелегални групи со намера да ја нарушат безбедноста на земјата и да се договараат за да извршат злосторства против внатрешната безбедност“, додава Mizan Online.
Иран беше потресуван од протестно движење по смртта на иранската Курдка Махса Амини на 16-ти септември 2022 година, која почина три дена откако беше уапсена од милицијата за заштита на јавниот морал, која ја обвини дека го прекршила строгиот кодекс на облекување наметнат на жените. Властите тврдат дека Амини починала во притворот поради претходно заболување.
Протестите, кои подоцна ја зафатија целата земја, се проценуваа на западот како најголемите по 1979 година, во кои имаше стотици загинати припадници на безбедносните сили и стотици демонстранти. Техеран за нивно поттикнување и организирање ги обвинува западните разузнавачки агенции и веќе осуди на смрт неколку лица обвинети дека работеле за странски служби.
Иран има егзекутирани повеќе осуденици од која било земја со исклучок на Кина, објави неодамна Amnesty International.