Новите американски санкции за големата иранска петрохемиска компанија сведочат за „празнотијата“ на реториката на САД кои велат дека сакаат да разговараат со Иран, рече во саботата портпаролот на иранското министерство за надворешни работи, додека неговата земја продолжува со извозот на нафтата и покрај американските санкции.
„Во само една седмица се покажа дека изјавија на американскиот претседател (Доналд Трамп) за подготвеноста на преговори со Иран се само празни зборови“, вели портпаролот на иранската дипломатија Абас Мусави, во соопштението објавено ден откако Вашингтон објави дека воведува еконсомски санкции за иранската петрохемиска компанија PGPIC.
Мусави додава дека санкциите се уште еден пример за „економскиот тероризам“ кој САД го спроведуваат над неговата земја и нивното „непријателство“ кон Исламската Република. Оценува, исто така, дека „американската политика на најголем можен притисок“ врз Иран е „осудена на неуспех“.
Американското министерство за финансии во петокто соопшти дека санкциите против иранската компанија PGPIC ги воведува поради „финансиската поддршка“ којашто наводно таа ја давала на Корпусот на гардата на исламсата револуција (IRGC), идеолошката војска на Исламската Република Иран.
Американскиот претседател Доналд Трамп во мај 2018 година ги повлече САД од меѓународниот договор на шесте светски сили за иранската нуклеарна програма од 2015 година, по што САД повторно ги воведоа острите економски санции за Техеран.
Трамп во четвртокот во Франција рече дека е „добро“ што Техеран „сака да разговара“ со САД, откако Иран таквите разговори ги условуваше со укинување на санкциите и американското враќање во нуклеарниот договор. „Ќе разговараме, но едно е сигурно: тие не може да имаат нуклеарно оружје“, додаде Трамп.
Но Иран продолжува со извозот на нафтата, кој е главен извор на средства за оваа земја, и покрај санкциите. „Иран ќе продолжи да ја извезува нафтата преку неслужбена иили неконвенционалната продажба и порка санкциите“, порача во саботата министерот за нафта Биџан Намдар Занганех.
На почетокот од мај САД ги укинаа отстапките кои се однесуваа на осум земји кои увезуваат нафта од Иран – Кина, Јужна Кореја, Грција, Индија, Италија, Јапонија, Тајван и Турција, за да може да продолжат да набавуваат иранска нафта без да ги кршат американските санцкии.
„Постои можност за неслужбена или неконвеционална продажба. Таа е тајна, бидејќи доколку за неа знаат, САД веднаш би ја запреле“, вели Занганех во интервју за ирански весник кое го пренесува новинската агенција на министерството за нафта Shana. Занганех одбил да изнесе и најмал детал за продажбата на награ, додавајќи дека нема намера да изнесе никакви бројки додека „санкциите не бидат укинат“.