Иран порача дека ќе се одмазди за убиството на членовите на Револуционерната гарда во Сирија

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси се закани дека ќе му возврати на својот главен непријател Израел, откако неколку членови на влијатлниот Корпус на исламската револуционерна гарда (IRCG) беа убиени во воздушен напад во Дамаск, за кој Иран го обвини Израел.

Исламската Република нема да дозволи „злосторството на ционистичкиот режим“ да остане неказнето, изјави Раиси во саботата, пренесе државното радио.

Израелската армија не го коментираше нападот. Израел, иако речиси никогаш не потврдува, од 2011 година повремено бомбардира цели наводно поврзани со Иран во Сирија чија Голанска висорамнина ја има окупирано еврејската држава од 1967 година, но таквите активности станаа посмртоносни откако милитантите од палестинската исламистичка група Хамас го нападнаа јужниот дел на Израел на 7-ми октомври.

Петмина припадници на иранската Револуционерна гарда се убиени во напад во саботата во предградие на сирискиот главен град Дамаск, вклучувајќи четворица воени советници и еден војник, според елитната единица. Двајца од советниците биле наводно високорангирани разузнавачи, пишува германската новинска агенција DPA.

Претходно во саботата претпладнето сириските државни медиуми објавија дека зграда во населбата Мазех во предградие на престолнината Дамаск била погодена во напад за кој се верува дека бил изведен од Израел, но не наведоа дополнителни поединости. Безбедносен извор, дел од мрежата групи блиски до сириската влада и нејзиниот клучен сојузник Иран, рекол за Reuters дека повеќекатницата ја користеле ирански советници кои ја поддржуваат владата на претседателот Башар ал-Асад и била срамнета со земја од страна на „наведувани израелски ракети“.

Според Сириската опсерваторија за човекови (SOHR) во Лондон фомирана од Велика Британија а ја води исленик од Сирија кој во Лондон пред повеќе децении отворил сириски ресторан, загинале и тројца Сиријци, еден Либанец и еден Ирачанец.

Двајца советници од иранската Револуционерна гарда беа убиени во ракетен напад врз Дамаск во декември, а на 25-ти декември беше убиен висок советник на гардата кој ја надгледуваше воената координација меѓу Сирија и Иран. Како одговор, Техеран минатата седмица го рактеираше центарот на израелската разузнавачка служба Мосад во курдскиот град Ербил, во северозападната автономна област Ирачки Курдистан.

Заедно со Русија, Иран е најважниот сојузник на сириската влада. Израел редовно гаѓа цели во соседната земја за да го спречи Иран да го прошири своето воено влијание таму со помош на милиции. Официјално, Иран е активен во Сирија само во советодавна функција во услови на граѓанска војна во земјата поттикната во март 2011 година кога западните и соседните сунитски монархии ги вооружија и им дадоа поддршка на малцинските групации и на ултрарадикалните сунитски исламистички групации.