Иран предупреди дека ќе ги употреби „сите достапни алатки“ за да одговори на израелскиот напад

Техеран ќе ги употреби „сите достапни алатки“ за да одговори на израелскиот напад врз воени цели во Иран минатиот викенд, изјави во понеделникот портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Исмаил Багеи.

Иран претходно го минимизираше израелскиот воздушен напад во саботата, велејќи дека предизвикал само ограничена штета, а американскиот претседател Џо Бајден повика на прекин на ескалацијата што ги зголеми стравувањата од сеопфатен конфликт на Блискиот Исток.

Говорејќи на редовната прес-конференција, портпаролот Багеи рече: „(Иран) ќе ги искористи сите достапни алатки за да обезбеди јасен и ефективен одговор на ционистичкиот режим (Израел)“. „Карактерот на одговорот на Иран зависи од природата на израелскиот напад“, додаде Багеи, но не даде дополнителни детали.

Врховниот водач на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, во неделата изјави дека иранските власти треба да го одредат најдобриот начин на израел да му се покаже моќта на Иран, додавајќи дека израелскиот напад не треба „ниту да се омаловажува, ниту да се преувеличува“.

Голем број израелски воени авиони нападнаа ракетни фабрики и други објекти во близина на Техеран и во западен Иран во три бранови пред зори во саботата, објави израелската војска. Според неа, биле уништени ирански противвоздушни системи и фабрика за производство на гориво за иранските проектили, што ќе ја намали способноста на иранската војска и на нејзините регионални сојузници за една година.

Тешко вооружените блискоисточни ривали се напаѓаат конфронтирани со месеци, а нападот во саботата беше одговор на иранскиот омазнички ракетен напад од 1 октомври, за кој Израел рече дека главно бил запрен од неговата противвоздушна одбрана, но Техеран и некои извори тврдат дека биле погодени главната израелска воздухопловна база во пустината Навим и седиштетот на разузнавачката служба Мосад во Тел Авив.

Иран го поддржува либанското шиитско движење Хезболах, кој се бори против израелските сили во Либан, а од ланинскиот 7 октомври и палестинската милитантна група Хамас, која се бори против Израел во Појасот Газа, како и јеменското бунтовничко движење Хусити.