![Gaza bomabrdiranje](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/Gaza-bomabrdiranje.jpg?resize=650%2C427&ssl=1)
Во низа објави на социјалните мрежи претставници на иранските власти предупредија дела ситуацијата од Појасот Газа би можела да излезе од контрола со „далекусежни последици“, доколку не бидат запрени израелските „воени злосторства и геноцид“ во палестинската енклава.
Објавата на Х на иранската мисија при Обединетите нации дојде откако американската веб-страница Axios извести дека Техеран го предупредил Израел во порака преку ОН, дека ќе биде принуден да одговори доколку Израел изведе општа масивна копнена инвазија во Појасот Газа, кој е под контрола на радикалното исламистичко палестинско движење Хамас, кое на 7-ми октомври го изведе најсмртоносниот напад на израелската територија.
„Доколку воените злосторства и геноцидот на израелскиот апартхејд не се запрат веднаш, ситауцијата би можела да изелзе под контрола и да предизвика далекусежни последици, за што одговорноста ќе падне на ОН, Советот за безбедност (при ОН) во ќорсокак“, објави иранската мисија при светската организација.
Израел од саботата се подготвува да изведе масивен комбиниран и координиран напад од воздук, по море и на копно во Појасот Газа во лов на припадниците на Хамас, откако двапати до неделата го пролонгираше рокот околу милион Палестинци од северниот дел на тесната енклава да се преселат во јужниот кон затворената граница со Египет.
САД се трудат да го задржат Иран подалеку од палестинско-израелскиот судир, а пошироката меѓународна дипломатија е насочена на спречување на неговото ширење, особено во соседен Либан, и предизвикување регионална војна.
Либанската шиитска тешко вооружена и борбено подготвена групација Хезболах, која има тесна соработка со Иран, се судри со Израел преки либабската граница повеќепати во изминатата седмица во најсрмоностини судири откако ја водеа едномесечната војна во 2006 година.
Мировниот претставник на ОН за Блискиот исток, Тор Винесланд се состана во саботата со иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолхани во либанската престолнина Бејрут, соопштија Обединетите нации. Абдолхани претходно се сренатл во Катар со политичкиот водач на Хамас, Исмаил Ханија, извести катарската сателитска телевизија Al Jazeera.
Запрашан за извештајот на Axios, портпаролот на ОН, Стефан Дужарик одговори „Сите (на Венесланд) состаноци беа во рамките на разговорите за дипломатските напори за ослободување на заложниците, осигурување на хуманитарниот пристап и спречување на прелевањето на судирот на поширокиот регион. Тоа ги вклучува неговите неодамнешно состаноци во Либан“.
Израелската мисија при Обединетите нации одбила за Reuters да ги коментира извештаите на Axios или објавата ан Иран на социјалните мрежи.