Иран денеска претстави дрон од домашно производство, за кој тврди дека има домет 2.000 километри, а го нарекол “Газа” во чест на борбата на Палестинците против Израел.
Иранската Револуционерна гарда соопштила дека новиот дрон може да лета 35 часа и да носи 13 бомби и 500 килограми електронска опрема, пренесува “Al Jazeera”.
Иран има широка програма на проектили и дронови, а таквото оружје се смета за важна сила во одвраќање и возвраќање на САД и останатите противници во случај на војна, пренесува “Hina”, повикувајќи се на “Reuters”.
Западот ги гледа иранските проектили како конвенционална воена закана на регионалната стабилност и можен механизам за испорака на нуклеарно оружје ако Иран го развие.
Иран демантира дека се обидува да развие нуклеарно оружје.
Meet GAZA – Iran's new UAV. Claimed 35 hours endurance, 13 bombs and an operating radius of 2000 km, as well as the ability to carry 500 kg of electronic equipment. pic.twitter.com/smIZbdSQOX
— Tal Inbar (@inbarspace) May 21, 2021
Револуционерната гарда соопштила дека новиот дрон може да лета 35 часа и да носи 500 килограми електронска опрема, известила државната новинска агенција “IRNA”.
Командантот на Револуционерната гарда, генерал Хосеин Салами, рекол дека новиот дрон е наречен “Газа” во чест на оние кои во таа земја денеска се спротивставуваат на инвазијата и агресијата на ционистички Израел, се наведува на интернет страната на Гардата.
Иако лидерите на палестинските групи во Газа, вклучувајќи ги Хамас и Исламски Џихад, често ја поздравувале иранската финансиска и воена поддршка, официјален Техеран обично не зборувал јавно за снабдувањето со оружје, пишува “Al Jazeera”