Иран во средата ја претстави новата ракета со дострел од 1.450 километри, објави полудржавната новинска агенција Tasnim ден по продолжувањето на преговорите во Виена за спасување на нуклеарниот договор кој Техеран го постигна со шесте светски сили во 2015 година, а од кој три години еднострано се повлекоа САД а иранската страна поради повторните санкции суспендираше бројни обврски од договорот.
Ракетата била претставене во текот на посетата на највисоките ирански воени лица на раетните бази на Гардата на чуварите на револуцијата (IRGC).
„Ова стратешко оружје е ракета со дрострел од третата генерација која ја развил (IRGC, на погон на цврсто гориво и е способна да го пробие ракетните штитови со висока маневарска спосоност“, пренесува агенцијата Tasnim.
„Модифицираниот дизајн на ‘Хејбершкан’ за третина ја намалил неговата тежина во однос на сличните ракети“, се додава во ивештајот во кој се истакнува дека и за шест пати е скусено времето за подоготовка за нејзино ланисрање.
Начелникот на иранските вооружени сили Мохамад Багери во текот на претставувањето на проектилот изјавил дека Иран ќе продолжи да ја развива својата ракетна програма „и според квалителитетот и според квантитетот“.
Истовремено претставниците на преговорите во Виена тврдат дека не постигнале поголем напредок од самото обновување на преговорите во ноември. Западните сили предупредуваат дека останало малку време пред Иран да развие нуклеарни способности кои беа ограничени токму со договорот од 2015-те година.
Највисокиот ирански безбедносен функционер Али Шамани во средата го критикуваше американскиот пристап во виенските преговори.
„Гласовите од американската администрација покажуваат дека во таа држава не постои кохерентност за да бидат донесени политички одлуки во насока на напредок на преговорите во Виена“, објави Шамани на Twitter.