Иран тврди дека сите 23 морнари од запленетиот британски брод се безбедни

Иранските власти денеска тврдат дека сите 23 членови на екипажот на танкерот кој пловеше под британско знаме се безбедни и во добра здравствена состојба. Лондон го осуди запленувањето на бродот во Ормутскиот теснец и тврди дека тој легално пловел во оманските територијални води.

“Сите 23 члена на екипажот се безбедни и во добра здравстена состојба”, рече Алахмурад Афифипоурм, раководител на поморската служба во провинцијата Хормозган.

Лондон го смета запленувањето на бродот во заливот на 19 јули за непријателски акт и ги отфрла тврдењата на Техеран дека го заплениле бидејќи бил вклучен во инцидент.