Иран уапси 12 лица обвинети за шпионирање во интерес на израелската надворешна разузнавачка агенција Мосад, и им се припишува дека биле оперативци кои соработувале со Израел и планирале дејствија против безбедноста на Иран, соопшти во неделата Корпусот на чуварите на Исламската револуција (IRCG).
Лицата се обиделе да соберат доверливи информации во шест провинции во земјата и да ги пренесат на Мосад, соопшти IRCG, моќната елитна воена сила на Иран. Во објавата се додава дека членовите на мрежата од 12 оперативци биле уапсени во шест различни ирански провинции, но не се наведува во кој период се одвивала операцијата на нивно следење и апсење.
Детали за идентитетот на саботерите се објавени, а не е јасно и какви тајни информации тие сакале да соберат и да ги пренесат. Но се истакнува дека станува збор за саботери чија цел е за интерес на Израел да предизвикаат вознемиреност и безбедносна криза во Иран.
Уапсените може да се соочат со смртна казна доколку бидат прогласени за виновни. Во март, обвинет како агент на Мосад беше погубен во сличен случај. Тој беше обвинет дека планирал напад на објектот на Министерството за одбрана.
На израелската тајна служба ѝ се припишуваат последните години големи понижувачки удари врз внатрешната безбедност на Иран, користејќи мрежа на дисиденти, припадници на радикалното сунитско малцинство во доминатно шиитската земја и на курдската заедница.