Иранските безбедносни сили уапсиле 14 странски државјани, вклучително и американски, британски и француски граѓани, поради нивното учество во противладините протести, објави во средата новинската агенција Fars.
Иран го зафатија протести а кои започнаа од провинцијата со малцинското сунитско и курдско население за што повод беше смртта на 22-годишната Мајса Амини која почина во притвор на милицијата за заштита на јавниот морал поради несоодветно облекување односно не покривање на главата со шамија. Демонстрантите тврдат дека таа починала од последици од тепање, додека власта во Техеран тврди дека смртта е последица на претходно здравствено нарушување.
Иран за протестите, во кои беа убиени и повеќе десетици припадници на безбедносните сили, го обвини „насилниците поврзани со непријателите“, во прв ред алудирајќи на израелските и американските разузнавачки агенции.
„Граѓани на 14 земи, меѓу кои на САД, Русија, Австрија, Франција, Обединетото Кралство и Авганистан се уапсени во неодамнешните безредија во Иран, а најбројни се Авганистанците“, пренесува Fars повикувајќи се на сопствени извори.
Агенцијата Fars, за којашто на Западот се верува дека е поврзана со моќната иранска Револуционерна гарда, не наведува кога се изведени апсењата.
Демонстрантите, на безредијата кои се проценуваат како на еден од најголемите предизвици за иранската ултраконзервативна власт од револуцијата од 1979 година, повикуваат на уривање на Исламската Република, за што Техеран ги обвинува Вашингтон и некои земји во Европа дека ги поттикнуваат насилните безредија.