Висок командант на иранската револуционерна гарда ги отфрли информациите дека Иран испраќа проектили во Русија, објавија во понеделникот иранските медиуми, додека Западаот веќе третата година со ред искажува загриженоста дека проектилите би можеле да се користат во војната во Украина.
Американската телевизија CNN и амереиканскиот весник The Wall Street Journal минатата седмица објавија, повикувајќи се на неименувани извори и без да приложат докази, дека Иран наводно ѝ испорачал балистички ракети со краток дострел на Русија.
Бригадникот Фазлолах Нозари, заменик-командант на централниот воен штаб Катам ал-Анбија, вели дека „ниту еден проектил не беше испратен во Русија, а ова тврдење е еден вид психолошка војна. Иран не поддржува ниту една страна во украинско-рускиот конфликт“, го цитира Нозари агенцијата IRNA.
Во понеделникот Европската унија ги оцени медиумските извештаи како „веродостојни“ и покрај тоа што не објавини никаков извор или доказ.
„Свесни сме за веродостојни информации од сојузниците за испорака на ирански балистички ракети на Русија. Го проучуваме случајот заедно со нашите земји-членки и доколку биде потврдено, оваа пратка ќе претставува значителна материјална ескалација на поддршката на Иран за нелегалната агресивна војна на Русија против Украина“, изјави портпаролот за надворешна и безбедносна политика Петер Стано.
Челниците на ЕУ претходно изјавија дека ќе одговорат на таков чекор „брзо и во координација со меѓународните партнери, вклучително и нови и значајни рестриктивни мерки против Иран“, додаде Стано.
Портпаролот на Белата куќа, Џон Кирби, изјави во Вашингтон дека не може да ги „потврди информациите дека е извршен трансферот“ на оружјето. „Таквото сценарио би имало штетни ефекти и за Украина и за Блискиот исток“, додаде тој.
Запрашан за извештаите во понеделникот, Кремљ попсочи дека Иран е партнер на Русија и дека двете земји развиваат дијалог во сите области.
Украина минатата седмица предупреди дека продлабочувањето на воената соработка меѓу Техеран и Москва е „закана за Украина, Европа и Блискиот исток“ и ја повика меѓународната заедница „да го зголеми притисокот врз Иран и Русија“.
Иранската Постојана мисија во Обединетите нации со писмена изјава до медиумите во петокот ги отфрли американските и украинските обвинувања дека наводно ѝ испорачува оружја на Русија.
Претходно ноќта кон саботата Постојаната мисија на Иран во Обединетите нации го негираше пишувањето на американскиот весник The Wall Street Journal и објави дека не доставува оружје за страните вклучени во конфликти во светот, вклучително и во војната во Украина, и ги повика сите земји да го следат овој пример.
„Позицијата на Иран во однос на конфликтот во Украина останува непроменета. Иран смета дека е нехумано да се обезбеди воена помош за страните вклучени во конфликтот, што доведува до зголемување на човечките жртви, уништување на инфраструктурата и оддалечување од преговорите за прекин на огнот“, се наведува во објавата на иранската дипломатска мисија.
Како што се додава во соопштението, Иран не само што се воздржува од учество во такви активности, туку и ги повикува другите земји да престанат со снабдување со оружје на страните вклучени во конфликтот.
„Секое иранско доставување на балистички ракети на Русија би означило остра ескалација во војната во Украина“, соопштија во петокот Соединетите држави.
Оваа реторика во понеделникот ја повтори и портпаролот на НАТО, велејќи дека западната воена алијанса е запознаена со медиумските извештаи, но нема да се води од нив.
„Како што претходно изјавија сојузниците, секој трансфер на балистички ракети и поврзана технологија од Иран во Русија би претставувал значителна ескалација“, рече портпаролот.