Иранските власти уапсиле 67 лица во борбата против корупцијата која ја одобри врховниот водач ајатолахот Ало Хамнеи, соопшти судот во земјата којашто се соочува со nовите американски санкции чија цел e да ја поткопаат иранската економија, како и со протестите против корупцијата.
„Уапсени се 67 лица, некои од нив се пуштени со кауција. Повеќе од стотина функционери добија забрана да го напуштат Иран“, изјавил портпаролот на судот Голамосеин Мохсени Ежеи.
„Нашиот непријател Америка одлучил да изврши притисок врз луѓето и има намера да врши притисок и врз нашата економија, но тоа нема да им успее“, порачал Ежеи кого го цитира агенцијата AFP.
Според него, некои во Иран сакаат да профитираат од таквата ситуација, па криумчарат дури и основни продукти.
Во саботата ајатолахот Али Хамнеи го одобри барањето на првиот човек на иранското правосудство Садех Лариџани да се формира специјален суд кој ќе им суди на лицата обвинети за економски криминал.
„Целта ни е што поскоро и на праведен начин да ги казниме лицата за коишто ќе се утврди дека се виновни за корупција и економски криминал“, појасни Лариџани.
Големиот притисок од САД врз европските компании кои работат во Иран по симнувањето на децениските меѓународни санкции предизвика нивно повлекување од земјата, што предизвикува протест кај Иранците, поради влошувњето на економската состојба,
Централната власт и правосудството ги обвинуваат „непријателите“ за предивикување на падот на вредноста на иранската валута ријалот, како и за брзиот раст на цената на злато.
На почетокот од јули беше уапсен таканаречениот „монетарен султан“ кој во текот на изминатата година прибавил две тони злато и го продавал, остварувајќи огромен профит. Тој имал подредени кои откупувале за него монети, без оглед на нивната вредност. Шефот на техеранската полиција додаде тогаш дека ова лица манипулирало со монетарниот пазар, поткопувајќи ја економијата на земјата. За истиот случај се уапсени уште две лица кај кои се откриени 20 килограми злато и монети.
Меѓу уапсените во неделата е и поранешниот заменик претседател на централната банка, а за некои од точките од обвинението предвидена е и смртна казна, пишува Reuters.
Судските власти наведуваат дека непријателските држава како САД, Израел и сунитскиот регионален ривал на шиитски Иран – Саудиска Арабија, како и Иранците во егзил кои се противници на актуелните власти, ги поттикнуваат протестите и водат економска војна за да го дестабилизираат Иан.
Во мај американскиот претседател Донадл Трамп ги повлече САД од меѓународниот монетарен договор со Иран, а оваа седмица ги обнови санкциите за Техеран, во прв ред за финансискиот сектор што вклучува и купување долари, трговија со злато и продажба на државни обврзници. Вашингтон подготвува и нови санкции во ноември за Иран чија цел ќе биде иранскиот нафтен сектор.