Иран отвори директен канал за комуникација со моменталните сириски власти откако неговиот сојузник Башар ал-Асад беше соборен, изјавил за Reuters висок ирански функционер во понеделникот, во обид да се „спречи развој на непријателства“ меѓу двете земји.
Брзиот воен напредок на бунтовничката алијанса предводена од Хајат ал Тахрир ал-Шам (HTS), поранешен огранок на Ал Каеда, означи една од најголемите пресвртни точки за Блискиот исток во последните генерации. Се смета дека со падот на Асад е отстрането упориштето од кое Иран и Русија го шират своето влијание низ арапскиот свет.
Високиот ирански функционер рекол дека иранските шиитски верски водачи, соочени со загубата на важен сојузник во Дамаск и враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа следниот јануари, се отворени за комуникација со новите водачи во Сирија, во која мнозински се сунитските муслимани но влијателни досега беа и алавитите (шиитска конфесионална заедница) и христијаните.
„Оваа комуникација е клучна за стабилизирање на врските и избегнување на натамошни регионални тензии“, додаде тој.
Истовремено, во понеделникот бепе објавено дека Велика Британија може да размисли за одземање на статусот на терористичка организација за Хајат ал Тахрир ал-Шам (HTS), групата која ја предводи сириската бунтовничка коалиција која со помош на турските сили и протурските бунтовнички групи помогна да се собори претседателот Башар ал Асад, изјави во понеделникот висок британски функционер.
„Ќе го разгледаме тоа. И мислам дека делумно ќе зависи од тоа што ќе се случи“, изјави високиот министер Пет Мекфејден за Sky News на прашањето дали владата на Велика Британија ќе ја разгледа забраната за HTS.
HTS, поранешен огранок на Ал Каеда попозната како Џебхат (фронтот) ан Нусра, е забранета организација во Обединетото Кралство, што значи дека е означена како терористичка група и нелегално е да се поддржува или да се придружува кон неа.
Нејзиниот водачот Абу Мухамед ал-Џолани беше порано припадник на Исламската држава (ISIS) по кого САД распишаа награда од десетина милиони долари поради неговите директни учества во брутанилните убиства и јавни обезглавувања на луѓе, вклучително и државјани на западните земји.