Иран задржал странски танкер поради шверц со нафта

EPA-EFE/ABEDIN TAHERKENAREH

Иранската Револуционерна гарда задржала странски танкер поради сомневање дека криумчарел нафта, објавија во четвртокот иранските медиуми, но не е јасно засега кога се сличил настанот и не се објавени други поединости.

Според агенцијата Fars, Револуционерната гарда претходно во текот на неделата „задржала странско пловило со милион литри гориво јужно од островот Ларк во Персискиот залив“.

Истовремено, според податоците на телевизиската мрежа IRIB, Гардата соопштила дека на бродот се наоѓале 12 морнари странски државјани.