Иранската амбасада во Кабул продолжува со работата

Иранската амбасада во авганистанската престолнина Кабул ќе остане отворена и натаму и ќе продолжи да работи, известија во вторникот иранските државни медиуми, ден откако Техеран оцени дека станува збор за „воен неуспех“ на неговиот традиционален непријател САД, кои по две децении го напуштија Авганистан повлекувајќи ги и сојузниците од НАТО, што доведе до пад на владата и колапс на безбедносните сили по што практични на власт се вратија талибаните.

Веста е објавена во мементот кога релиси сите земји, освен Русија, ги евакуираа своите службеници во своите амбасади од Кабул поради загриженоста за безбедносната ситуација откако талибаните без борба го заземаа главниот град, по што илјадници Авганистанци стравувајќи од одмазда се обидуваат да ја напуштат земјата.

Шиитски Иран инаку е непријател на радикалните сунитски талибани со децении, но последните неколку години неговите дипломати отворено двострани или во рамки на регионални иницијативи се среќаваа со политичките претставници на движењето Талибан. Техеран во јули беше и домаќин на преговоерите меѓу претставниците на тогашната авганистанска влада и високата талибанска политичка комисија.

Иран во неделата објави дека подготвил привремено сместување во три покраини за авганистанските бегалци. Меѓутоа, имајќи предвид дека иранската економија е тешко погодена од американските санкции, Техеран ги поттикнува повеќе од два милиона авганистански бегалци без документи и уште 800.000 регистрирани кои веќе се наоѓаат на иранската територија, да се вратат во татковината.

„Амбасадата на Исламската Република Иран во Кабул целосно е отворена и работи. Иранскиот генерален конзулат во Херат, исто така, е отворен и работи“, изјавија од иранското министерство за надворешни работи, пренесе новинската агенција IRNA.

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси во понеделникто реле дека „воениот неуспех“ на САД во Авганистан и повлекувањето на американските трупи ја дава можноста за воспоставување траен мир во разорената земја.

Талибаните им наредија на своите борци да бидат дисциплинирани и да не влегуваат во зградите на дипломатските мисии и да не ги запираат дипломатските возила кои главно се вклучени во евакуација на персоналот, соопшти за медиумите во вторникот висок талибански претставник.

Од иранското министерство за надворешни работи во неделата, кога започна масивното талибанско напредување кон Кабул, соопштија дека иранските конзулати во Мазар-и=Шариф, Џалалабад и Кандахар повеќе нема да работат.