(ВИДЕО) Иранската истрага покажува дека украинскиот авион се запалил пред падот

Авионот од типот „Boeing 737“ на украинската „International Airlines“ кој се урна во средата утрото во Техеран се свртил за да се врати на аеродромот откако забележал „проблем“, а потоа се запали, објави Организацијата за иранско цивилно воздухоплоство (CAO) во својот прв извештај.

„Авионот исчезна од радари во моментот кога достигна височона од 2.400 метри. Пилотот преку радионоте не пренел никава порака за невообичаени потешкотии“, истакнува CAO во првиот извештај објавен на интернет страница ноќта кон четвртокот.

„Очевидците рекоа дека (…) дека виделе дека авионот се запалил“, се додава во текстот.

„Авионот кој првично се движел кон запад за да излезе од зоната на аеродромот и се свртел надесно по проблемот и се насочил назад на аеродромот кога се урнал“, при што загинаа 176 патнции и членовиет на екипажот, наводи CAO.

Организацијата наведува дека очевидците на пожарот се лицата на земјата односно патниците во авионот кој се наоѓал над „Boeing“ во моментот на почетокот на драмата. Во извештајот на САО не се специфицира каков бил техничкиот проблем.

Авионот на компанијата „ Ukraine International Airlins“ се урнал набрзо по полетувањето од Техеран, при што загинаа сите 176 патници и членови на екипажот. Во авионот имало 82 Иранци, 63 Канаѓани, 11 Украинци од кои девет членови на екипажот, десет Швеѓани, четворица Авганистанци, и по тројца Германци и Британци.
Од Техеран полетал во 6,10 часот по локално време кон Киев, а неколку минути подоцна исчезнал од радарите уривајќи се недаелку од иранската престолнина. Украинската амбасада во Техеран го промени првичното соопштение за причините за падот на авионот во Иран, во кое терористички или ракетен напад се исклучуваа како причина за несреќата и падот на украинскиот авион. Амбасадата во второто соопштение наведе дека причините за инцидентот се „дефетк на моторот поради технички причини“, како и дека се „разјаснуваат“, и оти претходните соопштенија за причините за несреќата „не се официјални“.

И иранската државна телевизија наведе дека авионот поради технички проблеми. Медиумите ја пренесуваат изјавата на функционер на иранската агенција за цивилно воздухопловство, кој рекол дека пилотот не пријавил проблеми со леталото. Покрената е истарага, а соопштено е дека се пронајдени „црните кутии“ од авионот.

Портпаролот на компанијата „Boeing“ соопшти дека компанијата собира информации за пад на авионот во Иран. Американската компанија ја приземји во март лани својата авиони од моделот „737 МАХ“, откако два нејзини авиони во интервал од неколку месеци се урнаа при што загинаа 346 луѓе. По падот на украинскиот авион, во средата дополнително за речиси 2 отсто паднаа акциите на гигантот во воздухопловната индустрија.