Иранскиот масивен ракетен напад ја оштетил најголемата израелска воздухопловна база

Сателитските снимки од авионски хангар во клучната израелска воена воздухопловна база за најсовремените во светот борбени авиони американските „F-35“ покажуваат голема дупка на покривот откако Иран лансираше масивен напад со балистички ракети против базите на Израел.

Иран во вторникот вечерта лансираше околу 200 балистички ракети кон воените и разузнавачките бази на ционистичкиот ентитет во одмазднички напад, наречена операција „Вистинско ветување II“, која ги активирше сирените за воздушна тревога ширум Изруел праќајќи ги стотиците илјади Израелци во подземни засолништа.

Очекуваната операција дојде како одговор на нападот кој му се припиѓува на Израел врз политичкиот челник на палестинското движење Хамас, Исмаил Ханије во иранската престолнина Техеран, подоцна воздушниот удар на лидерот на шиитското либанско двожење Хезболах, Саид Хасан Насрала, регионален најголем ирански сојузник и командантот на иранската Револуционерна гарда, Абас Нилфорушан, ирански воен советник во Либан, во либанскиот главен град Бејрут.

Извештајот на новинската агенција Associated Press во средата покажа сателитски снимки од воздухопловната база Неватим во јужен Израел, откривајќи значителна штета на покривот на неколку згради во близина на главната писта, со големи остатоци расфрлани низ областа.

Во Неватим, инаку, се сместени најнапредните авиони на израелските воздухопловни сили, вклучувајќи ги и ткн стелт-ловци „F-35 Lightning II“ од американско производство.

Станува збор за голема воздухопловна база со четири писти која зафаќа околу 50 квадратни километри и се наоѓа во пустината Негев, 15 километри источно од Бершеба и 12 километри северно од Димона. Според отворени извори, таму се стационирани на три ескадрили борбени авиони „F-35“, како и 140, 116 и 117, како и транспортни авиони „C-130“, авиони танкер „Boeing 707“ и други извидувачки авиони.

Најмалку седум различни видеа објавени на социјалните мрежи и во иранските медиуми, покажуваат директни удари од 20 до 30 ирански балистички ракети, кои предизвикале голема штета на базата и, според некои извори, уништиле над 20 млазни ловци. Израелинаку објави дека базата претрпела „незначителни“ оштетувања во иранскиот удар, а американскиот претседател Џо Бајен иранскиот ракетен удар го опиша како „неефикасен“.

Исто така, израелската војска призна дека некои од нејзините воздушни бази биле погодени во ракетниот напад на Иран, велејќи дека канцелариските згради и другите области за одржување во базите претрпеле штета. Сепак, се тврди дека не била предизвикана штета на борбени авиони, беспилотни летала, други авиони, муниција и критична инфраструктура. Исто така, се наведува дека не била предизвикана никаква штета на функционирањето на израелските воздухопловни сили.

Претходно во текот на денот, иранскиот министер за одбрана, бригадниот генерал Азиз Насирзадех потврди дека операцијата била над 90 отсто успешна.

„Операцијата True Promise II беше спроведена со повеќе од 90 проценти успех и беше целосно усогласена со меѓународното право“, рече тој.

Меѓу целите на Иран нема цивилни локации, нагласи Насирзадех, додавајќи дека биле погодени три воени бази и една разузнавачка и шпионска база на израелското разузнавање Мосад.