Иранскиот претседател за условите под кои ќе го поддржи нуклеарниот договор

Иран ќе го поддржи меѓународниот договор со кој прифаќа ограничувања за неговата нуклеарна програма, доколку му е дозволи да ги искористи економските повластици и покрај повторно воведените американски санкции, изјави во средата во текот на посетата на австриската престолнина Виена, иранскиот претседател Хасан Роухани.

Иранскиот министер за надворешни работи и шефовите на дипломатиите на петте големи светски сили во петок во Виена ќе разговараат за начините да се одржи споменатиот договор потпишан пред три години исто така во австриската престолнина и чијашто цел е да се спречи Иран да поседува нуклеарно оружје, потврди во средата Европската унија.

САД во мај годинава се повлекоа од овој договор по критиките дека содржи многу пропусти во позла на Иран, и почнаа да работата на повторното воведување на економските санкции, а другите потписнички Русија, Кина, Велика Британија, Франција и Германија, односно ЕУ, се обидуваат да го спасат договорот.

„Ќе се придржуваме до договорот толку долго колку што ќе биде можно, под услов да можеме да профитираме од договорот“, порача иранскиот претседател Хасан Роухани за новинарите по состанокот со неговиот домаќин, австрискиот претседател Алекснадр Ван дер Белен.

„Доколку другите земји потписнички би можеле да ги гарантираат иранските интереси, ќе продолжиме со примената на договорот и без САД“, додаде Роухани.

Нуклеарниот договор постигна во 2015 година во Виена, Иран го обврзува да ја ограничи својата програма за збогатување на ураниум и прифаќа ненајавени и темелни инспекции на меѓународни експерти на неговите нуклеарни капацитети со коишто би се докажало дека Исламската Република не може да развива нуклеарно оружје. За возврат, потписничките се обврзаа на укинување на децениските економски санкции против Техеран, вклучително и ембаргото на извоз на иранската нафта.