Манекенката Ирина Шајк одигра жежок стриптиз за новиот број на магазинот Вог. Таа воопшто не е срамежлива кога станува збор за покажувањето на нејзините прекрасни атрибути, па затоа и e совршен избор за видеото со кое е најавен новиот број на магазинот.
Ирина изведува заводлив стриптиз за на крај да остане само во долна облека.
Ова видео беше снимено за време на модната недела во Њујорк, каде Оскар дела Рента имаше своја ревија, Ирина, освен што се прошета по пистата подоцна уживаше и во статусот на ѕвезда па седеше во првиот ред на ревијата на Версаче.
Руската убавица од април годинава се забавува со Бредли Купер и познатата двојка е неразделна, претходно беше во врска со Кристијано Роналдо.