Ирина Шајк проговори за ќерката Леа и поранешниот партнер

Познатата манекенка Ирина Шајк (35) во интервјуто за магазинот HighStyle имала само пофални зборови за поранешниот партнер, Бредли Купер со кој пред четири години ја доби ќерката Леа.

Манекенката и глумецот беа во врска четири години, а после раскинувањето останале во пријателски односи и постигнале договор околу заедничкото старателство над ќерката.

Во интервју за магазинот HighStyle, Русинката го опиша Бредли како посветен татко:

“Тој е многу посветен и внимателен татко и не му е потребна дадилка. Сам ја однесе Леа на двонеделен одмор и ниту еднаш не морав да ѕвонам”, рекла Ирина Шајк.

Зборувала за тоа какви се и двајцата како родители: “Ние сме строги родители. Кога Леа ќе заврши со оброкот, станува од масата, ја зема чинијата и вели “Фала”. Без “Молам” и “Фала” нема да добие ништо после ручекот”.

Манекенката продолжила да зборува за воспитувањето на ќерката.

“Многу е тешко, таа има многу играчки. Јас имав само една играчка и сѐ уште ја имам – голема руска кукла, а мојата баба ѝ шиеше облека. На мојата ќерка секогаш ѝ велам дека во детството имав само една кукла. Или ѝ објаснувам дека чоколади добивав само за Божиќ”, раскажа Ирина.

Поранешниот пар може често да го зебележиме на улиците во Њујорк во заедничка прошетка и како поминуваат квалитетно време со ќерката.