Ирина Шаек и Бредли Купер размислуваат да се смират, сакаат уште едно дете

Откако Ирина Шаек на Инстаграм објави фотографија со Бредли Купер започнаа гласините дека поранешниот пар е повторно заедно.

Извор близок на славната манекенка и актерот за Page Six раскажал дека тие размислуваат за тоа повторно да бидат заедно и сакаат уште деца.

-Беше тоа вистински семеен одмор. И време за размислување за иднината. Ирина би сакала нејзината ќерка да има брат или сестра. На Бредли му се допаѓа идејата, рекол изворот.

Бредли и Ирина врската ја прекинаа во 2019 година. По разделбата изјавија дека направиле се во обид да го сочуваат својот однос, а продолжија заедно да се грижат за сега пет годишната ќерка.

Неодамна, тие заедно летуваа на Бахамите, а претходно годинава поранешниот пар се дружепе и на Мет Гала.