Ирпен, каде е убиен американскиот репортер, е под контрола на украинските сили, тврди Русија

Brent Renaud attends the International Documentary Association’s 2014 IDA Documentary Awards at Paramount Studios on Friday, December 5, 2014 in Los Angeles. (Photo by Todd Williamson/Invision for IDA/AP Images)

Градот Ирпен, близу украинската престолнина Киев, каде во неделата беше убиени американскиот репортер Брент рено е под контрила на украинските вооружени сили, изјави во понеделникот постојаниот претставник на Русија во Обединетите нации, Василиј Небензја.

Претходно на состаникот на Советот за безбедност при светската организација, заменик американски амбасадор Ричард Мисл ги обвини руските сили во Украина за убиството на Американецот Рено.

„Мојот американски колега го спомена загинувањето на новинарот Брент Рено во Ирпин, наводно од руските сили. Жалиме за сите смртни случаи во конфликтот…“, рече Небензја.

Рускиот дипломат притоа појасни дека Рено не бил новинар што беше веднаш негирано и од самиот весник The News York Times, како и дека на отворени извори на интернет се поставени информации дека „неговата дејноста во никој случај не е поврзана со новинарство или филмска продукција“, како што подоцна објавено дека наводно синимал документарен филм.

„Второ, Ирпин е целосно под контрола на вооружените сили на Украина и на украинските единици за територијална одбрана. Судејќи според изјавата на колегата на Рено кој го преживеа инцидентот, токму тие отвориле оган врз нивниот автомобил“, рече Небензја.

Откако The News Times негираше дека Рено бил од нив ангажиран во Украина како фотограф или снимател, иако кај него била пронајдени новинарска идентификација од весникот издадена пред повеќе години во други околности, магазинот Time објави дека тој од „неодамна“ бил ангаќиран на проект за бегалските кризи за Time Studios.

Колегата на Рено, Хуан Аредондо, кој го придружувал во моментот на инцидентит, бил ранет во грбот. Една од болниците во Киев, каде бил хоспитализиран, објави на Instagram видео-материјал со Аредондо, во кое тој вели дека врз автомобилот во кој биле двајцата било пукано во близина на еден од контролните пунктови во градот Ирпин, но тој во снимката не зборува за тоа кој пукал врз нив и не ја спомена ниту судбината на својот колега.